Region Without Waste
Нашата приказнаРСУОМОУОНовостиИндикатори за отпадРесурсиНастани
    Region Without Waste
    Нашата приказнаРСУОМОУОИндикатори за отпад
    Партнерски порталКонтактНовостиРесурси
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo

    Salar International не може да ја гарантира точноста на податоците и информациите кои се презентирани на оваа платформа. Комплетноста и точноста на сите податоци и информации зависат од изворите на истите, кои се надвор од контролата на организацијата.

    Почетна/Новости

    Општина Прилеп добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“ за Западен Балкан

    15 октомври 2026
    Општина Прилеп добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“ за Западен Балкан

    Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание со кое меѓународно жири ја избра општината за најуспешна во оваа категорија на ниво на Западен Балкан, меѓу вкупно 63 апликации. Признанието беше доделено на 13 октомври 2026 година, во Приштина, на настан организиран од Western Balkans Circular Economy Hub, посветен на циркуларната транзиција на регионот.

    Признанието го препознава досегашниот напредок на Прилеп во унапредувањето на управувањето со отпадот, воведувањето нови навики, вложувањето во современи решенија и создавањето услови за развој на циркуларната економија на локално ниво, а со цел заштита на животната средина. Особено значаен резултат е податокот дека 49% од граѓаните на Прилеп веќе селектираат отпад од пакување во своите домаќинства, што покажува дека промените во системот се проследени и со промени во навиките на граѓаните.

    Во следниот период, Општина Прилеп продолжува со активности за унапредување на системот за управување со отпад, меѓу кои развој на современа инфраструктура за секундарна селекција со капацитет до 10 тони на час, унапредување на системот за собирање и раздвојување на различни категории отпад, како и подготовка на решенија за компостирање и третман на градежен шут. Паралелно, се работи и на рекултивација на постојната депонија и намалување на количините отпад што ќе завршуваат на депонирање, со цел постепено да се создава поефикасен и поодржлив систем. Од Општина Прилеп посочуваат дека меѓународното признание е потврда за досегашната работа, но и обврска за продолжување со уште поголема посветеност. Целта е циркуларната економија да стане дел од начинот на кој градот управува со ресурсите и отпадот – со намалување на отпадот што се депонира и со создавање можности материјалите повторно да се искористат и да добијат нова вредност.

    Општина Прилеп упати благодарност до Министерството за животна средина и просторно планирање, САЛАР Интернационал, ЈКП „Комуналец“, како и до сите партнери и институции кои го поддржуваат процесот, а особено до граѓаните на Прилеп кои се дел од промената.

    Сподели ја оваа вест: