Трета работилница за развивање на Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион

Во Охрид, на 11 и 12 јуни 2026 година, се одржа третата работилница за развивање на новиот Регионален план за управување со отпад (РПУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со учество на претставници од сите 18 општини од двата региони како и претставници на граѓанскиот сектор. Работилницата претставуваше продолжение на процесот на подготовка на РПУО 2027–2032, со фокус на меѓуопштинската соработка, финансиската одржливост, комуникацијата и вклученоста на граѓаните, како и родовите перспективи во процесот на планирање и имплементација.
Во текот на работилницата, учесниците се посветија на улогата на меѓуопштинската соработка (МОС) во воспоставувањето и функционирањето на регионалниот систем за управување со отпад. Беа разгледани улогите на општините, комуналните претпријатија и регионалните тела, како и можностите за користење на механизмите на меѓуопштинската соработка за подобра координација и спроведување на РПУО.
Посебно внимание беше посветено и на финансиските и економските аспекти на регионалниот систем како што се оперативните трошоци и одржливоста на услугите, тарифите и финансиските механизми, како и инвестициските потреби за инфраструктура и опрема.
Посебно внимание беше посветено на комуникациските аспекти на спроведувањето на РПУО. Во рамки на оваа сесија беше разгледана и улогата на јавната свест и вклученоста на граѓаните, а учесниците отворија повеќе прашања врзани со комуникацијата како важен дел од имплементацијата, како и кои промени треба да се поддржат преку комуникација, кои се клучните целни групи и како општините, ЈКП-ата и граѓанските организации можат да придонесат кон промената во однесувањето и градењето доверба.
Дополнително, на работилницата беа разгледани и родовите перспективи во планирањето и испораката на услугите, како и собирањето родово разделени податоци како важни сегменти во процесот.
Третата работилница претставува уште еден чекор во заедничкиот процес на развивање на РПУО 2027–2032, со цел регионалните приоритети и цели постепено да се преточат во конкретни, координирани и остварливи активности на локално и регионално ниво.
Процесот на развивање на Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион се спроведува во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International.